Јокиќ и Денвер ги испратија Леброн и Лејкерс на годишен одмор (Видео)

Денвер нагетс го победи Лос Анџелес лејкерс со 108:106 и тоа беше доволно да се пласира во следната рунда од плејофот на НБА-лигата. За актуелниот првак ова беше четврта победа и со скор од 4:1 ги испрати Леброн Џејмс и друштвото на годишен одмор.

Стандардно, лидери на Денвер беа Никола Јокиќ и Џемал Мари. Српскиот центар заврши со 25 поени, 20 скока и девет асистенции, додека Мари постигна 32 поени, вклучувајќи го и победничкиот кош на 3,6 секунди до крајот.

На спротивната страна Леброн Џејмс беше одличен и имаше 30 поени, девет скока и 11 асистенции, а Ентони Дејвис мечот го заврши со 17 поени и 15 скока.

Во второто коло од плејофот Денвер ќе игра против Минесота, која со „метла“ го исчисти Феникс санс.

Место во следната фаза од плејофот обезбеди и Оклахома откако со 97:89 го победи Њу Орлеанс. Ова беше четврта победа во четвртиот меч, што значи дека Њу Орлеанс доби „метла“ во плејофот.

Оклахома во следната фаза го чека подобриот од пресметката меѓу Далас и Лос Анџелес клиперс, каде што резултатот моментално е 2:2 во победи.

Бостон направи голем чекор кон пласман во следната фаза откако со 102:88 славеше на гости кај Мајами и поведе со 3:1 во победи. Уште од самиот почеток гостите го контролираа резултатот, а во еден момент имаа и 28 поени предност.

Дерек Вајт беше изненадувачкиот џокер на Бостон. Вајт постигна рекордни во кариерата 38 поени, од кои осум беа од линијата за три поени. Подобриот од оваа пресметка во следната фаза од плејофот ќе игра против подобриот од Кливленд – Орландо (2:2).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести