Јокиќ и Денвер го добија мечот поради кој ја откачија Белата куќа (Видео)

Денвер нагетс славеше во дербито на вечерта во НБА-лигата против Минесота со 115:112 и ја прескокна на втората место во Западната конференција.

Интересно е што Денвер поради овој дуел го откажаа традиционалниот прием во Белата куќа. Имено, првично претседателот на САД ја откажа средбата со шампионот во НБА-лигата, која традиционално се одржува во јануари поради обврски и ја презакажа за 18 март, но овој термин не му одговараше на Денвер.

 

Денвер на 17 и утринава одигра два важни меча со ривалите од Западната конференција, Далас маверикс и Минесота тимбервулфс, на кои оствари половичен ефект, но и покрај тоа, ја прескокна Минесота на табелата. Денвер сега има учинок 48-21, додека Минесота има 47-22.

Никола Јокиќ со 35 поени и 16 скока беше најдобар во редовите на Денвер, каде што се истакна и Мајк Портер јуниор со 26 поени. Во редовите на Минесота најраположен за игра беше Ентони Едвардс со 30 поени.

 

Далас маверикс го совлада Сан Антонио спарс со 113:107 во меч во кој Лука Дончиќ оствари трипл-дабл. Тој мечот го заврши со 18 поени, 10 скока и 16 асистенции, а најпрецизен беше Кајри Ирвинг со 28 поени. Првиот избор на драфтот, Виктор Вембањама, даде само 12 поени.

Резултати: Орландо – Шарлот 112:92, Вашингтон – Хјустон 114:137, Бруклин – Њу Орлеанс 91:104, Сан Антонио – Далас 107:113, Минесота – Денвер 112:115.

- Оглас -

Најнови вести