Кошаркарите на Далас маверикс славеа во „Бол Арена“ против фаворизираната екипа на Денвер Нагетс со 121-131, приредувајќи едно од најголемите изненадувања во досегашниот тек од НБА лигата.
Почетокот на натпреварот не навестуваше ваков исход, бидејќи Денвер по првата четвртина имаше дури 14 поени предност. Сепак, Далас целосно се врати до полувремето, па првиот дел заврши со резултат 68-69 за гостите.
Денвер успеа да се консолидира во паузата и пред последната четвртина имаше предност од два поени. Но кога сите мислеа дека ќе го приведат мечот мирно кон крај, Далас одигра феноменална одбрана и до крајот без поголеми проблеми го совлада големиот ривал.
Најдобар кај Далас беше Дејвис со 32 поени и 13 скокови, а голема помош имаше и од Нембхард, кој постигна 28 поени и додаде 10 асистенции.
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше речиси единствениот расположен кај Денвер, запишувајќи нов трипл-дабл (29 поени, 20 скокови, 13 асистенции). Она што го направи во првата четвртина е вистинска ретка кошаркарска уметност — четвртината ја заврши со 15 поени, девет скокови и шест асистенции, па само еден скок и четири асистенции го делеа од трипл-дабл за 12 минути игра. Со тоа стана првиот играч уште од сезоната 1996/97 кој во воведната четвртина забележал таков учинок.
Вреди да се спомене и Џоунс, кој постигна 28 поени за Денвер. Тимот од Колорадо е четврти на табелата во Западната конференција на НБА со 14 победи и шест порази, додека Далас е на 12-тзта позиција со биланс 7-15.
Лука Дончиќ повторно беше фантастичен. Словенецот уфрли 38 поени и забележа 11 скокови, но тоа не беше доволно за триумф на ЛA лејкер против Феникс санс. Гостите од Аризона славеа со 108-125.
Со овој пораз прекината е серијата од седум последовни победи на ЛА лејкерс.
НБА резултати: Детрoит – Атланта 99-98, Индијана – Кливленд 119-135, Вашингтон – Милвоки 129-126, Бруклин – Шарлот 116-103, Мајами – ЛА клиперс 140-123, Орландо – Чикаго 125-120, Денвер – Далас 121-131, Јута – Хјустон 133-125, ЛА лејкерс – Феникс 108-125.

