Јокиќ и Дончиќ скромни, но еден друг играч од Европа даде 49 поени (Видео)

Во кошаркарската НБА лига, рано утрово се одиграа четири натпревари, а резултатите беа: Орландо – Мемфис 115-123, Далас – Бостон 95-124, Хјустон – Јута 114-131, и Денвер – ЛА Клиперс 122-91.

Партија на кариерата имаше Финецот Лаури Марканен од Јута џез, кој уфрли 49 поени, и тоа е негов личен рекорд. Во НБА стрелеците се многу расположени на стартот на годинава, за пет дена, ова е осми играч кој уфрли 40 или повеќе поени. За Хјустон тоа беше 11-ти пораз на последните 12 меча.

Денвер во првите три четвртини го газеше Клиперс, па ги одмори своите стартери во финиот, затоа и Никола Јокиќ имаше скромни 12 поени, 6 скока и 9 асистенции.

Дебакл доживеа и Далас на Лука Дончиќ, кој беше надигран од Бостон. Дончиќ имаше за него потпросечни 23 поени, а кај Селтикс, трипл-дабл оствари Џејсон Тејтум со 29 поени, 14 скока и 10 асистенции. Тејтум го имаше и еден од потезите на вечерта, кога при еден влез, со едно движење го измами Дончиќ и поентираше.

- Оглас -

Најнови вести