Никола Јокиќ во разговор со новинарот Един Авдиќ откри дека ужива во музика од тамбураши и дека мајка му го носела во кафеана кога бил дете.
„Веројатно затоа што пораснав таму од каде што сум, за мене, тамбурашите, друштвото на маса е врвот на забавата. Одев на концерти, дискотеки и клубови. И странски и локални, рок и тоа… За мене, врвот на забавата се тамбурашите“, откри центарот на Денвер нагетс кога го прашаа која е најдобрата забава за него.
„Одев во кафеана со мајка ми кога имав десет години. Тоа можеби звучи лошо сега, но сум благодарен за тоа. Од татко ми научив и песни и како да се однесувам и како да пеам и како да нарачам, како да го повикам келнерот, како да пијам, како да правам сè… Мојот татко никогаш не скршил чаша, не сум го видел“, рече Јокиќ, на што Един праша дали некогаш тој скршил чаша.
„Сум скршил“, одговори Јокиќ со насмевка.

