Јокиќ му покажа на Леброн Џејмс кој е „главен“ во НБА лигата

Денвер Нагетс ги декласираа Лос Анџелес Лејкерс со резултат 127-102, благодарение на феноменалниот српски центар Никола Јокиќ.


Јокиќ одигра совршен натпревар, покажувајќи му на Леброн Џејмс и остатокот од тимот кој моментално е главен во НБА лигата. Постигна 34 поени, 13 скокови и осум асистенции, а го следеше Портер со 24 поени, 11 скокови и четири асистенции.

Браун го заврши натпреварот со 16 поени, три асистенции и два скока, додека Мареј и Вестбрук додадоа по 14 поени. Мареј имаше и пет скокови и пет асистенции, а Вестбрук 11 асистенции и седум скокови. Двоцифрен беше и Вотсон со 11 поени, пет скокови и две асистенции.

Во редовите на Лејкерс, најдобар беше Ривс со 19 поени, шест асистенции и три скока, додека Џејмс додаде 18 поени, седум асистенции и шест скокови. Ентони Дејвис постигна 14 поени со десет скокови и три асистенции, а Кристи го заврши натпреварот со 12 поени. Двоцифрен беше и Хачимура со десет поени, три асистенции и два скока.

Феноменален натпревар одигра ЛаМело Бол, кој во поразот на Шарлот од Милвоки со резултат 125-119 постигна дури 50 поени, десет асистенции и пет скокови.


Сепак, тоа не беше доволно за победа на неговиот тим бидејќи изостана сериозна поддршка од соиграчите. Единствени двоцифрени беа Милер со 32 поени, 11 скокови и три асистенции, како и Грин со 11 поени и пет скокови.

Кај Бакс, најдобар беше Адетокумбо со 32 поени, 11 скокови и шест асистенции, додека Лилард додаде 31 поен, четири скокови и четири асистенции. Трент го заврши натпреварот со 16 поени, три скокови и две асистенции, а Лопез додаде 13 поени, осум скокови и две асистенции. Двоцифрен беше и Портис со 11 поени, седум скокови и две асистенции.

Резултати: Јута – Њујорк 121-106, Орландо – Детроит 111-100, Чикаго – Мемфис 131-142, Хјустон – Портланд 98-104, Милвоки – Шарлот 125-119, Сан Антонио – Голден Стејт 104-94, ЛА Лејкерс – Денвер 102-127.

- Оглас -

Најнови вести