Мемфис го победи Денвер со 108:106 во еден од најинтересните мечеви кои утрово се одиграа во НБА-лигата. Домаќините одлично го започнаа мечот и поведоа со 14:2, а на крајот од првата четвртина имаа водство од 18 разлика (37:19).
Дека Денвер е тим кој не се предава се покажа во втората четвртина, кога гостите одиграа фантастично и со серија од 25:7 успеаја да израмнат на 44:44, што беше најава за неизвесен дуел. Во третата четвртина Денвер стигна дури и до двоцифрена предност 83:73, но и Мемфис имаше сили да се врати.
Во последната четвртина домаќините речиси постојано беа во водство, но во ниту еден момент тоа не беше повеќе од шест разлика. Денвер го имаше последниот напад, а топката дојде до Никола Јокиќ, кој блескаше цел меч и на крајот заврши како прв стрелец со 34 поени, 11 скока и пет асистенции, но го промаши шутот за израмнување во последната секунда.
https://twitter.com/i/status/1456148571649150980
Во последната секунда се решаваше и во Сан Антонио, но таму домаќините загубија со 108:109 од Далас. Брунсон и Лука Дончиќ беа предводници во победата на гостите, откако првиот заврши со 31 поен и 10 скока, додека Словенецот имаше 23 поени, 12 скока и седум асистенции.
Во последниот напад, во кој Сан Антонио имаше шанса да победи, голема работа заврши Бобан Маријановиќ, кој со своите 224 сантиметри и екстра долги раце успеа да попречи домаќините да изведат добар напад.
Boban Marjanovic DESTRUINDO a jogada final do Spurs apenas pulando. pic.twitter.com/ccZdLjiJTG
— Dallas da tristeza (7-3) (@mavsdatristeza) November 4, 2021
Резултати: Кливленд – Портланд 107:104, Индијана – Њујорк 111:98, Орландо – Бостон 79:92, Филаделфија – Чикаго 103:98, Вашингтон – Торонто 100:109, Бруклин – Аталанта 117:108, Mемфис – Денвер 108:106, Минесота – ЛА клиперс 115:126, Сан Антонио – Далас 108:109, Голден стејт – Шарлот 114:92, Сакраменто – Њу Орлеанс 112:99.