Сакраменто кингс победи на гости кај Денвер нагетс иако Никола Јокиќ имаше маестрална партија од 44 поени, 13 поени и 7 скока. Јунак на Кралевите беше Расел Вестбрук кој минатата сезона беше дел од Денвер, и против својот поранешен тим уфрли 21 поени од кои 15 поени во клучната последна четвртина.
Џејмс Харден погоди 10 тројки што му помогна на крајот да заврши со дури 55 поени и тоа е нов рекорд во историјата на Лос Анџелес клиперс. Брадата беше незапирлив против Шарлот, имаше и седум асистенции.
Детроит пистонс својата серија победи ја зголеми на 12 по ред, овојпат жртва беше Милвоки. Клупскиот рекорд е 13 победи по ред и тоа во сезони во кои Клиповите беа шампиони на НБА.
РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – ЛА Клиперс 116:131
Орландо – Њујорк 133:121
Њу Орлеанс – Атланта 98:115
Чикаго – Вашингтон 121:120
Милвоки – Детроит 116:129
Далас – Мемфис 96:102
Денвер – Сакраменто 128:123

