Јокиќ се изнамачи, но конечно пристигна во Орландо (Фото)

Никола Јокиќ пристигна во Орландо и им се приклучи на соиграчите од Денвер нагетс по долго патешествие и многу неизвесност.

Популарниот Џокер ќе биде подготвен за рестартот на сезоната закажан за 30. јули, кога и ќе почне плејофот во НБА лигата.

Јокиќ беше позитивен на Коронавирус, но потоа уште четири пати се тестираше и сите наоди му беа негативни. Центарот на Нагетс е главниот адут на екипата во плејофот, а одигра блескаво во скратениот дел од регуларната сезона.

Српскиот репрезентативец е прв кошгетер на Денвер со просек од 20.2 поени, има по 10.2 скока во просек и по 6.9 асистенции на вкупно 65 натпревари.

Неодамна неговиот соиграч Џамал Мареј предизвика вистинска бура од реакции, со изјава дека Јокиќ треба да дојде од Србија во САД само ако е стопроцентно сигурен дека нема симптоми на Ковид-19.

Изјавата на бекот на Нагетс наиде на критики кај навивачите на Денвер, кои застанаа во одбрана на најдобриот играч на клубот.

Во Орландо во Светот на Дизни пристигна уште една голема ѕвезда во НБА лигата. Џејмс Харден и се приклучи на екипата на Хјустон речиси истовремено со доаѓањето на Јокиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести