(Видео) Јокиќ со импресивен трипл-дабл, асистенциите на ниво на Харлем глобтротерс

Никола Јокиќ имаше импресивен трипл-дабл за Денвер нагетс во победата против Торонто од 106:103, а мечот го заврши со 23 поени, 11 скокови и 15 асистенции.

Дел од додавањата му беа неверојатно атрактивни, или како што велат експертите за НБА, во стилот на легендарните Харлем глобтротерс. Во финишот постигна тројка на чудесен начин, но судиите не ја признаа, свирејќи претходно фаул над Јокиќ. Центарот на Денвер ги погоди слободните фрлања за 106:103, а Кајл Лаури не успеа да врати со тројка и гостите славеа победа.

„Нема елемент во кошарката што не го познава. Никола е чудо од играч“, изјави Џамал Мари, соиграчот на Јокиќ од Денвер.

Бекот на Денвер постигна 21 поен и со Јокиќ беше најефикасен кај гостинскиот тим. Кавај Ленард го предводеше Торонто со 27 поени, но немаше расположени соиграчи за да се избегне поразот во драматичен финиш.

Резултати: Детроит – Оклахома 83:110, Атланта – Голден стејт 111:128, Бруклин – Кливленд 97:99, Њујорк – Вашингтон 107:110, Торонто – Денвер 103:106, Минесота – Хјустон 103:91, Њу Орлеанс – Лос Анџелес клиперс 126:129.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести