Јокиќ со постигнување кое 75 години го немал никој во НБА-лигата (Видео)

Никола Јокиќ, српскиот интернационалец во НБА-лигата, испиша историја во најсилната кошаркарска лига во свет. На утринскиот меч против Мемфис, Јокиќ повторно блескаше и даде 35 поени за победа на неговиот Денвер, од 122:109.

Јокиќ, кој е еден од главните конкуренти за МВП на сезоната во регуларниот дел, испиша историја каква што не е видена никогаш претходно во 75 години во НБА. Тој стана првиот кошаркар кој успеал во една сезона да постигне најмалку 2.000 поени, да има најмалку 1.000 скокови и барем 500 асистенции.

https://twitter.com/i/status/1512271038578511874

На дуелот против Мемфис, српскиот центар освен 35-те поени, имаше и 16 скока и шест асистенции, а Денвер стигна до 48-та победа сезонава и си го обезбеди шестото место во плејфот на Западот.

На дербито на Истокот, Милвоки бакс славеше против Бостон селтикс со 127:121, па многу веројатно дека Милвоки ќе биде на второто место на табелата, додека Бостон како трет ќе стартува во плејофот. Лидер на Истокот е Мајами.

Во останатите мечеви во НБА-лигата: Шарлот – Орландо 128:101, Торонто – Филаделфија 119:114, Минесота – Сан Антонио 127:121, Њу Орлеанс – Портланд 127:94, Голден стејт – ЛА лејкерс 128:112.

- Оглас -

Најнови вести