Македонските тенисери Томислав Јотовски и Стефан Мицов мораа да минат три кола во квалификациите за пласман на главниот турнир во бугарскиот град Бургас и успешно го направија тоа, а дека имаат квалитет, докажаа и со победите во првата рунда на главниот турнир.
Во Бургас на главниот турнир е и Горазд Србљак, но тој во два сета загуби во првото коло од Бугаринот Донски, додека во квалификациите испаднаа Бесир Дургути и Иван Манасов.
Јотовски, кој полека се враќа во форма по паузата која ја имаше поради повреда на рамото, го елиминираше Полјакот Гринковски со 6-4, 6-2, а Мицов загуби еден сет од Бугаринот Нестеров и тоа како да го изнервира, па во третиот одлучувачкi сет, Македонецот издоминира со 6-0.
Во четврт-финалето, Јотовски игра со Александар Лазаров, кој е четврти носител, а Мицов ќе се судри со вториот носител Венелт од Германија.