Јотовски експрес: Томи лесно го победи Јандриќ

Томислав Јотовски стигна до првата победа на егзибицискиот турнир во Белград откако со 2:0 во сетови го победи Дарко Јандриќ од Србија. Нашиот тенисер беше голем фаворит според коефициентите во Sport Life, а дека тоа е така, Томи потврди и на теренот.

Првиот сет започна со 1:1, а потоа следуваше низа од пет гема по ред на Јотовски и со 6:1 стигна до предност од 1:0 во сетови. Во вториот сет Јотовски направи три брејка, а еднаш го загуби својот сервис, па по 44 минути борба, го доби и вториот сет со 6:3.

По две кола, Јотовски има една победа и пораз, а утре го очекува меч против Марко Тепавац, кој е прв фаворит во оваа група. Тепавац е на 419-тото место на АТП-листата.

 

- Оглас -

Најнови вести