Направете тенис-тикет, најсигурна е победата на Јотовски

Томислав Јотовски денеска е апсолутен фаворит во дуелот против Дарко Јандриќ од Србија на егзибицискиот турнир кој се игра во Белград. Ова е меч од второто коло на групната фаза. И Јотовски и неговиот денешен противник вчера беа поразени на стартот. Томислав немаше сили за пресврт во дуелот против Никола Чачиќ и загуби со 1:2 во сетови.

Денеска од 14 часот на земјените терени Јотовски треба без многу проблеми да слави против Јандриќ, кој освои само четири гема во вчерашната пресметка против Марко Тепавац.

Освен овој меч, на овој турнир денеска се играат уште 10-тина други дуели, па по подолга пауза, повторно имате шанса за интересни тикети од тениската конкуренција.

 

- Оглас -

Најнови вести