Јованка Радичевиќ: Скопје е мој втор дом, жал ми е што со Вардар не освоив ЛШ

Некогашната ракометарка на ЖРК Вардар, црногорското десно крило Јованка Радичевиќ, во интервју за „Вијести“ изјави дека Скопје е нејзин втор дом.

Со националниот тим освои европско злато и олимписко сребро, со Ѓер освои Лига на шампиони, важи за најдобро женско десно крило во последната деценија. Популарната Јока која има 33  години, пред 15 дена беше прогласена за најдобро крило на СП во Јапонија, но таа рече дека наградата би ја заменила за некоја од медалите.

Во 2013 година, таа од Ѓер дојде во Вардар, и пет години остана во редовите на „црвено-црните“. Затоа секогаш ја истакнува љубовта кон Скопје и Македонија.

„Скопје е мој втор дом, таму поминав пет преубави години. Тоа ми е најубав дел од кариерата, иако со Ѓер освоив ЛШ. Скопје е како Подгорица, сличен менталитет, љубезни луѓе, имавме феноменални услови, жал ми е што не освоивме европска титула. Двапати игравме финале, мислам дека во едното бевме оштетени од судиите. Жал ми е и за човекот кој толку години вложуваше во нас, а не ја освоивме таа титула“ – изјави Јованка.

- Оглас -

Најнови вести