Јовиќ игра очајно во Реал Мадрид, но ќе си обезбеди трансфер од соништата

Лука Јовиќ не ги оправда очекувањата во Реал Мадрид. Српскиот репрезентативец постигна само три гола на 34 одиграни натпревари, а сето тоа значи дека ќе се најде на листата за трансфери во летиот преоден рок.

Сепак, напаѓачот не треба да се грижи премногу бидејќи наводно Баерн Минхен е заинтересиран за неговите услуги. Очигледно е дека лошата форма не им пречи на Баварците, коишто го следеа Јовиќ уште од времето во Ајнтрахт Франкфурт, каде што тој блескаше и на 49 натпревари даде 25 гола.

Покрај Лука, Баерн Минхен го следи и Себастијан Але од Ајакс, кој има блескава сезона, а ваквите „скаутирања“ на германскиот првак се поради фактот што Роберт Левандовски најверојатно ќе го напушти тимот по крајот на сезоната, со оглед на тоа дека му истекува договорот, а на повидок не е продолжување на соработката.

- Оглас -

Најнови вести