Јовиќ паѓа во депресија: Гледам мои видеа од лани и се прашувам што се случи…

Транзицијата од Ајнтрахт Франкфурт во големиот Реал Мадрид не му се погоди на младиот српски голгетер Лука Јовиќ. Минатата сезона важеше за еден од најдобрите стрелци во Европа, а откако го облече кралскиот дрес, не покажува ниту 10% од својот потенцијал.

Нормално, нередовното играње и големата конкуренција со Карим Бензема имаат влијание, меѓутоа и самиот Јовиќ е свесен дека е далеку од својата форма, а неговата изјава издава како да е паднат во депресија.

„Искрено, не сум задоволен ниту среќен со мојот учинок оваа сезона. Некогаш ќе ми текне да пуштам стари видеа од мене и се прашувам што ми се случи“, истакна Јовиќ.

Минатата сезона како член на Ајнтрахт Јовиќ реализира 27 погодоци на 48 меча во сите натпреварувања, додека за Реал постигна само еден гол и една асистенција на вкупно 21 натпревар.

- Оглас -

Најнови вести