Јубилеј за Робен, 700 настапи за клуб и репрезентација

Баерн Минхен славеше на домашен терен со 3-1 против Хановер и сега германскиот првак е на чекор од одбрана на титулата во Бундеслигата. Во овој меч јубилеј славеше Арјен Робен. Холанѓанецот ја згазна тревата на „Алијанц арената“ во 83-тата минута, па така го запиша 700-от настап во кариерата за клуб и репрезентација.

Робен воедно го одигра 306-от меч во дресот на Баерн, додека 96 настапи се за холандската репрезентација. Во кариерата, настапуваше уште за Реал Мадрид (65 натпревари), Челзи (106 натпревари) и Гронинген (52 натпревари). Се разбира, најмногу успеси во кариерата нареди со гигантот од Минхен, со кои освои вкупно 18 трофеи, од кои седум се во Бундеслигата, а најмил му е пехарот од Лигата на шампиони освоен во 2013 година.

Во 306-те натпревари за Баерн, Робен реализираше 143 погодоци и 101 асистенција.

Јубилеј славеше уште еден играч на Баварците. Десниот бек Рафиња го одигра 500-от натпревар за клуб и репрезентација во својата кариера.

- Оглас -

Најнови вести