Данскиот репрезентативец Расмус Хојлуд летово пристигна на „Олд Трафорд“ од Аталанта за 75 милиони евра, плус дополнителни 10 милиони евра во бонуси. Но, сега Црвените ѓаволи имаат несекојдневен проблем со Данецот.
Тие сè уште не можат да започнат да продаваат дресови со неговото презиме бидејќи ја немаат буквата „Ø“, како што е неговото оригинално презиме на дански – Højlund. Поради оваа причина клубот трпи финансиски загуби, а навивачите се разочарани и со нетрпение го чекаат дресот на новата ѕвезда на Јунајтед.