Јунајтед против Ливерпул е големото дерби во ФА купот

Манчестер јунајтед и Ливерпул ќе се сретнат во четвртата рунда од ФА купот, одлучи денешната ждрепка.

Големите ривали ќе ги одмерат силите на 23 или 24 јануари на „Олд Трафорд“, а победникот од овој мегадуел ќе игра против подобриот од парот Стокпорт – Вест хем.

Бранителот Арсенал го чека подобриот од Саутхемптон – Шрусбери, додека Тотенхем, Манчестер сити и Челзи добија лесни противници.

- Оглас -

Најнови вести