Екипата на Манчестер Јунајтед и официјално тргна по потписот на данскиот репрезентативец од редовите на Аталанта, Расмус Хојлунд.
“Црвените ѓаволи“ веќе и испратија официјална понуда до клубот од Бергамо, но таа експресно беше одбиена. 20-годишниот фудбалер според Трансфермаркет вреди 45 милиони евра, па затоа Аталанта веднаш ја одби понудата од 35 милиони евра.
Доколку Манчестер Јунајтед сака да го доведе Хојлунд во своите редови, ќе мора да ја заголеми понудата за најмалку една третина.
Расмус Хојлунд во Аталанта пристигна пред само една година од австрискиот Штурм Грац за 17.2 милиони евра.