Јуниорките со втора победа на квалификацискиот турнир, на чекор се место во елитата

Репрезентацијата на Македонија за фудбалерки до 19 години, после Лихтенштајн со 2-0, ја победи и Молдавија со 2-1, па со 6 бода после две кола и гол-разлика 4-1, има шанса како најдобра второпласирана да се пресели во сегментот А од квалификациите, каде што се најдобрите европски селекции.

Во последното коло на турнирот во Словенија, на 12-ти април, Македонија игра со домашната Словенија која има максимални 6 бода и гол-разлика 6-0. Победа би значела прво место, а и реми го остава тимот на селекторот Астрит Мерко во битка за најдобра втора.

Косово истотака има 6 бода и е втор со гол-разлика 4-2, а во последното коло игра со фаворитот Шкотска.

- Оглас -

Најнови вести