Јуриќ е нов тренер на Пандев во Џенова

Хрватот Иван Јуриќ се враќа на клупата на Џенова. Досегашниот тренер Давиде Балардини беше разрешен од функцијата и ова е втора смена на тренер во текот на денот, откако претходно и Киево се реши на ваков потег и го промени шефот на стручниот штаб.

Член на Џенова е Горан Пандев. Македонскиот репрезентативен капитен е во Скопје, на подготовки со националниот тим, а по враќањето во Италија, ќе го чека старо-нов тренер.

Популарните „Грифони“ имаат само 12 бода во 7 кола, па претседателот Енрико Прециози процени дека треба да го смени тренерот. Јуриќ ја водеше Џенова, а беше избркан откако во минатата сезона тимот го загуби градското дерби со Сампдорија. Дебито на Јуриќ како повратнинк на клупата ќе биде најтешкото можно – против првакот Јувентус, кој сезонава реди само победи.

- Оглас -

Најнови вести