Јута газеше сè пред себе, а потоа наиде на магичниот Дончиќ (видео)

Лука Дончиќ блескаше во победата на Далас од 111:103 против Јута, со што стави крај на победничката серија од девет меча на Западниот лидер. Словенечката ѕвезда флертуваше со трипл-дабл учинокот и му недостасуваа само еден скок и две асистенции да стигне до својот 30-ти троен учинок во кариерата.

Дончиќ предводеше со 31 поен и погоди 6/11 за три поени за петта победа на Далас во низа и зацврстување на седмата позиција во Западната конференција. Од редовите на Јута, искусниот Конли се истакна со 28 поени.

Гери Трент џуниор со тројката во последната секунда му обезбеди триумф на Торонто од 103:101 против Вашингтон визардс во мечот со најмал број на поени кој се одигра ноќеска.

Волшебниците влегоа со предност од пола кош во последните 40 секунди, по што промашија напад за да ја потврдат победата и му оставија простор на Трент да се обиде со последниот свиреж да приреди драма. Торонто имаше пет секунди за напад, Трент сам повлече преку цел терен и погоди пред звукот на сирената за 20-та овосезонска победа на Торонто.

Вестбрук залудно направи трипл-дабл од 23 поени, 14 скока и 11 асистенции кога неговата екипа ја испушти победата.

Останати резултати НБА:

Бруклин 114:112 Њујорк, Минесота 116:106 Сакраменто, Оклахома 108:132 Детроит, Сан Антонио 101:125 Кливленд, Хјустон 130:133 Феникс.

- Оглас -

Најнови вести