Јуве го нуди Роналдо на – Барселона!

Каталонскиот новинар Гилем Балаге има свое мислење околу ситуацијата на Кристијано Роналдо во Јувентус. Откако Старата дама претрпе елиминација во осминафиналето од Лигата на шампионите, се појавија информации дека Роналдо сака да си замине од Торино, а прв клуб кој застана во редот за неговиот потпис е ПСЖ.

Сепак, Балаге смета дека не само Светците, туку и други гиганти имаат прилика да се засилат со искусниот Португалец. Меѓу гигантите е и Барселона, а самата помисла дека Роналдо би можело да заигра покрај вечниот ривал Лионел Меси е сензација.

„Јувентус се обидува да се ослободи од огромната плата на Роналдо. Не е само ПСЖ во прашање, туку и други екипи. Мендеш има задача да му најде нов клуб. Реал одби прилика повторно да соработува со рекордерот, па се спомна и МЛС-лигата како опција. Се бара нова средина за Роналдо, дури и во Барселона. Меѓутоа, не знам дали има клуб што ќе може да си го дозволи Роналдо“, истакна Балаж.

Инаку, Роналдо има договор со Јувентус до јуни 2022 година, според кој заработува 31 милион евра по сезона, па од тука јасно е зошто Бјанконерите се обидуваат да го продадат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести