Јувентус во следниот преоден рок ќе се обиде да се ослободи од Арон Рамзи така што го нуди Велшанецот на Тотенхем на едногодишна позајмица. Неговата неделна плата изнесува 400.000 фунти, Бјанконерите токму поради тоа сакаат да го вратат Рамзи назад во Лондон и да се договорат со Петлите по пола да му ја плаќаат астрономската плата.
Рамзи иако пристигна во Торино како слободен играч минатото лето од редовите на Арсенал, актуелниот италијански првак ќе се обидат да остварат соработка со ривалите на Топчиите околу услугите на одличниот играч за врска, кој пак не се снајде најдобро во дебитанската сезона во Серија А.
Инаку, Јувентус има и план Б доколку Рамзи одбие да го облече дресот на Тотенхем. Наводно ќе го понудат Рамзи во пакет со пари на Манчестер јунајтед за да го вратат Пол Погба на „Алијанц“ стадионот.