Јуве и Милан први во Италија ќе се запознаат со новите правила

Јувентус и Милан ја отвораат сезоната во италијанскиот фудбал по долгата пауза поради корона-вирусот. Не е првенствен меч, но тоа не значи дека нема да биде интересно, напротив, ова се 90 минути во кои се одлучува патникот во финалето на Купот на Италија и тимовите немаат право на грешка. Во Милано беше 1-1 и ова е резултат кој му дава предност на Јувентус.

Старата дама и Росонерите први ќе се запознаат со новите правила на играњето фудбал во услови на корона-вирус. Италија беше една од најтешко погодените земји, со голем број жртви, па и мерките за играње фудбал се ригорозни.

Нема да има публика, протестирање кон судијата е дозволено само од дистанца, на мечот секој тим може да направи по пет измени, не смее да се плука на терен, а ако средбата заврши нерешено, нема да има продолженија и дополнителни напори од уште 30 минути играње, туку веднаш ќе се пристапи кон изведување пенали.

На стадионот може да има максимум 300 луѓе, сосе играчите и тренерите. Смее да има шест деца кои ќе ги додаваат топките, десет новинари кои нема да може да се симнат на терен и нема да има микс зона за изјави. Забрането е прегрнување и менување на дресови после меч.

Сите овие правила се со цел да се зачува здравјето на играчите. Купот е генерална проба, за некој продолжува и Серија А.

- Оглас -

Најнови вести