Јуве не го победи Сасуоло во дуел на двајцата голмани чија разлика во години беше 23

Јувентус и Сасуоло одиграа 2-2 и ова е резултат на кој најмногу му се израдува Интер, кој ако слави дома против СПАЛ, ќе избие на чело на табелата во Серија А.

Голот на Бонучи кој заедно со Серхио Рамос се најефикасни дефанзивци во топ лигите во Европа во последните седум сезони, најави нова рутинска победа на „старата дама“, но Сасуоло веднаш изедначи, а на стартот на второто полувреме и поведе. Кристијано Роналдо од пенал изедначи во средината на второто полувреме, но Јуве до крајот не успеа да даде и трети гол, иако имаше неколку шанси, од кои најзрелата на Рамзи во 89-та минута.

Интересно е што ова беше дуел на најстариот (Буфон) и најмладиот голман (Турати) во Серија А. Разликата меѓу нив е 23 години.

- Оглас -

Најнови вести