Јуве пак прими гол, се мачи и против тим кој го газеше минатата сезона (Видео)

Јувентус и вечерва на гостувањето кај Специја ќе треба да се помачи за да ја извојува првата победа сезонава во Серија А. Најтрофејниот италијански клуб поведе со голот на Кен, но Специја изедначи со гол на Гјаси.

Јуве има серија од 19 првенствени натпревари по ред на кои прима гол и тоа е најдолга таква црна низа за клубот од далечната 1955 година, па наваму. Пауло Дибала по 200-ти пат е стартер во дресот на Јувентус, но засега не може конкретно да помогне да се совлада тим кој Јуве во минатата сезона двапати го победуваше со по три гола разлика.

Сега кај Јуве го нема Роналдо, кој даваше голови на двата меча против Специја во минатата сезона. Затоа Гјаси од Специја при прославата на голот, славеше во стилот на Португалецот:

https://twitter.com/i/status/1440725064932990980

- Оглас -

Најнови вести