Јуве со Алегри и пред шест сезони тргна без победа во првите три кола, па стана првак со 9 бода плус

Јувентус има само еден бод по првите три кола во италијанската Серија А, катастрофален биланс каков што тимот од Торино имал само уште еднаш во последните 52 сезони. Во Неапол ликуваат, Наполи веќе му бега на Јуве цели осум бода, но прерано е да се отпише Јуве од трката за титулата.

Во сезоната 2015/2016, две години пред да го купи Кристијано Роналдо, најтрофејниот италијански клуб истотака во првите три кола немаше ниту една победа и беше при дното на табелата во Серија А. Но, тренерот Масимилијано Алегри не се предаваше, на Јуве му тргна, и на крајот на таа сезона, Бјанконерите станаа прваци, со големи 9 бода плус во однос на вториот Наполи.

Сега повторно Алегри е на клупата.

„Стартот е разочарувачки, но долга е сезоната, ќе имаме време да ги стигнеме ривалите. Сум имал и потешки ситуации од оваа“ – потсети Алегри.

- Оглас -

Најнови вести