Јувентус доведе дефанзивец за 18 милиони евра

Италијанскиот првак Јувентус го откупи дефанзивецот Мерих Демирал од редовите на Сасуоло. За турскиот репрезентативец се издвоени 18 милиони евра, а Демирал на „Алијанц“ стадионот ќе игра до јуни 2024 година.

Иако се очекуваше Матајс Де Лихт да биде следното засилување по Рабио, Рамзи, Буфон и Пелегрини, во меѓувреме кај Сари пристигна еден од најперспективните дефанзивци во Серија А.

Демирал пред почетокот на минатата сезона пристигна во редовите на Сасуоло како позајмен играч од Аланијаспор, а по само шест месеци неговиот договор беше целосно откупен за сума од седум милиони евра. Иако Јуве досега осигура пет нови играчи заедно со Демирал, потрошени се само 40 милиони евра, бидејќи Рабио, Рамзи и Буфон пристигнаа како слободни играчи.

- Оглас -

Најнови вести