Јувентус го доби најголемото засилување, но тоа не е фудбалер!

Најтрофејниот тим во Серија А, Јувентус веќе три сезони не може да стигне до посакуваниот трон. Токму затоа, челниците на Старата дама го вклучија алармот и летово решија да направат интересен потег.

Во таборот на Јувентус пристигна Кристијано Џинтоли кој е назначен за нов спортски директор. Џинтоли во претходната сезона беше алфа и омега во Наполи, каде создаде тим кој стигна до шампионската титула и тоа на убедлив начин.

Сега во Јувентус очекуваат овој прифесионалец да создаде екипа која ќе може да се бори за титулата во Серија А.

„Како дете сум патувал по осум часа со автобус за да го гледам Јувентус и сега ми се огромно задоволство и чест. Емоциите се неверојатни. Татко ми ми го всади духот на Јувентус и за тоа сум му благодарен. Сега сите треба заедно да делуваме“, рече Џинтоли.

 

- Оглас -

Најнови вести