16.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Јувентус го официјализираше доаѓањето на Макс Алегри со слика од мапа на Минесота

Јувентус на своите профили на социјалните мрежи, објави слика со мапа на американската сојузна држава Минесота, и со тоа го најавува официјалното потпишување на договорот со тренерот Масимилијано Алегри.

На 13-ти мај 2018 година, после реми на Јувентус со Рома од 0-0, Алегри даде интересна изјава во која ја спомна Минесота.

„Еднаш одамна кога бев дете, пред 40 години, со дедо ми бев на коњски трки и се обложив дека ќе победи коњот кој се вика Минесота. Човекот кај кого уплаќавме, ми рече дека јас еден ден попрво ќе станам тренер на тим во Серија А, отколку Минесота да победи на трката. Знаете што се случи? Минесота победи на трката, а јас сега сум тренер на Јувентус“ – рече тогаш Алегри, па затоа денеска Јуве како најава за неговото враќање ја постираше сојузната држава од САД.

- Оглас -

Најнови вести