Јувентус го освои „Олимпико“ за седум минути (видео)

Јувентус се врати на врвот на табелата по триумфот од 2-1 во дербито против Рома. Старата дама го освои „Олимпико“ само за седум минути бидејќи само по 10 минути игра, гостите имаат двојна предност.

Уште во третата минута Демирал ја затресе мрежата на Волчицата при асистенција на Дибала, а потоа Роналдо беше прецизен од белата точка во 10-тата минута. Рома ја врати неизвесноста на дваесетина минути до крајот откако пенал реализираше и Пероти, меѓутоа домаќините немаа сили целосно да се вратат во игра и да избегнат пораз.

Јуве сега има 48 бода, два повеќе од Интер, додека Рома со 35 бода ќе стои на петтото место по 19 кола во Серија А.

https://twitter.com/TurcFootball/status/1216448834307534849

- Оглас -

Најнови вести