Јувентус планира да оствари профит од Арон Рамзи по само една сезона откако италијанскиот првак го ангажираше ексиграчот на Арсенал. Честите повреди го спречуваат велшкиот репрезентативец да изгради форма и да ги оправда средствата, па затоа управата планира да го стави на трансфер пазарот уште следното лето.
Бидејќи пристигна како слободен играч од редовите на Арсенал, Рамзи доби огромна неделна плата од 470.000 евра, превисока сума за фудбалер кој пропушти речиси половина од натпреварите оваа сезона. Рамзи настапи во вкупно 19 меча во сите натпреварувања, во кои во главно излегуваше од игра по еден час поминат на теренот, или пак влегуваше од клупа. Постигна само два гола, без асистенција.
Италијанските медиуми на Рамзи му предвидуваат иста судбина како и на Емре Џан, кој исто така дојде како слободен играч од Премиерл лигата, поточно од редовите на Ливерпул. Германскиот репрезентативец во изминатиов зимски преоден рок замина на позајмица во Борусија Дортмунд со обврска Милионерите да го откупат крајот на сезоната за 20 милиони евра.