Јувентус го промовираше новото засилување кое доаѓа од екипа што испадна од Серија А

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус денеска го официјализираше договорот со Андреа Камбијасо. Овој 23-годишен лев бек потпиша договор кој го обврзува да остане во дресот на Старата дама до јуни 2027 година.

Камбијасо во Јувентус доаѓа од редовите на Џенова каде настапуваше минатата сезона. Џенова испадна од Серија А, но Камбијасо имаше забележителни настапи во 26-те мечеви во италијанското првенство.

За Камбијасо се вели дека е играч кој одлично се снаоѓа во формацијата 3-5-2 која многу често ја користи тренерот на Јувентус, Масемилијано Алегри и затоа не би требало да има проблеми да се снајде во новата средина.

За трансферот на Камбијасо, Јувентус плати три милиони евра, а плус во Џенова испрати еден фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести