13.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Јувентус го пушти Бенатија во Катар за 10 милиони евра

Јувентус му го продаде Медхи Бенатија на катарскиот клуб Ал-Духаил за сума од 10 милиони евра. „Старата дама“ инкасираше осум милиони евра, додека останатите два милиони ќе им бидат исплатени во бонуси.

Мароканскиот репрезентативец настапи на 59 натпревари за Јувентус во изминативе две и пол сезони, во кои два пати ја освои титулата во Италија. Откако не можеше да се избори за место во стартните 11 кај Алегри по враќањето на Лео Бонучи, тој одлучи да ја смени средината. За неговите услуги наводно се интересираа Арсенал и Манчестер јунајтед, но „старата дама“ одби да го пушти на позајмица.

На негово место пред неколку дена пристигна Мартин Касерес, кој ќе биде бекап-опција за Бонучи и Кјелини, а по третпат во неговата кариера ќе го облече дресот на актуелниот италијански првак.

Бенатија во Ал-Духаил ќе игра под палката на Руи Фарија, поранешната десна рака на Жозе Мурињо, кој пред неколку дена официјално ја презеде клупата на катарскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести