Јувентус и претпоследниот тим во Бундеслигата ја имаат најголемата доверба кај прогнозерите во колото кое е преполно со дерби-пресметки

Новото 26-то коло на Спортска прогноза кое е во тек носи неколку дерби-натпревари од петте најсилни европски лиги, како и градски пресметки во Шкотска и Португалија и прогнозерите веќе имаат свои фаворити за 13-те меча, а интересно е што голема доверба има претпоследнопласираниот тим на табелата во Бндеслигата, Келн.

Келн в сабота го пречекува Бохум, кој се наоѓа две позиции пред Овните. Келн е претпоследен на табелата со 19 бода, а Бохум има 26, но загуби на четири од последните пет меча. Дури 85,46 отсто од прогнозерите сметаат дека Келн ќе ги освои бодовите, во Бохум веруваат само 3,10 отсто, додека 11,44 отсто дека нема да има победник.

Најголема доверба кај прогнозерите има Јувентус, кој во една од дерби-пресметките во Серија А ја пречекува Фиорентина. Во победа на Старата дама веруваат 88,29 отсто од прогнозерите, додека само 1,88 отсто мислат дека Виолетовите со песна ќе си заминат од Торино.

Најинтересен меч во 26-тото коло е најголемото англиско дерби меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул и тука прогнозерите имаат свој фаворит. Ливерпул, кој со Арсенал и Манчестер сити води мртва трка за титулата во Премиер лигата ја има довербата од 62,99 отсто од прогнозерите кои досега гласаа во 26-тото коло од бесплатната наградна игра која ја организираат Спорт Манија и Sport Life.

Само 14,13 отсто се убедени во победа на Манчестер јунајтед, а 22,88 отсто сметаат дека на „Олд Трафорд“ нема да има победник.

Викендов ќе се игра уште едно големо дерби, популарното Дерби дела капитале меѓу Рома и Лацио и Римската волчица е фаворит во очите на прогнозерите. Дури 71,06 отсто мислат дека Рома ќе слави, додека на Лацио типуваат само 3,50 отсто од прогнозерите.

Освен мечеви од петте најсилни лиги, во 26-тото коло е и популарното Олд фирм дерби меѓу Ренџерс и Селтикс, кое може да го одлучи шампионот во шкотската Премиер лига, како и лисабонската пресметка меѓу Спортинг и Бенфика. На мечот меѓу Ренџерс и Селтик нема голем фаворит во очите на прогнозерите, 49 отсто типуваат на домаќинот, додека на лисабонското градско дерби Спортинг ја има довербата кај прогнозерите (63,53 отсто).

Со свои прогнози може да се приклучите до сабота, до 15.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.

За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

Сони плејстејшн 5

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести