Јувентус ја „преживеа“ Бреша

Јувентус се намачи за да дојде до посакуваниот резултат на гостувањето кај Бреша, па на крајот составот на Маурицио Сари славеше со 2-1. Домаќините играа без страв и успеаја да му се заканат на италијанскиот првак, и тоа само по четири минути игра поведоа со погодокот на Алфредо Донарума, по одлично изведената акција.

Во составот на Јуве недостасуваше Кристијано Роналдо, па гостите се мачеа да го најдат патот до мрежата на Бреша, а за израмнување добија помош од Чанцелор, кој си постигна автогол во 40-тата минута.

По малку повеќе од еден час игра, отпорот го скрши Пјаниќ откако одбиениот шут на Дибала од прекин го проследи Босанецот и од прва го совлада Јоронен.

Јувентус вечерва ќе преноќи на челната позиција на табелата со 13 бода, еден повеќе од Интер, додека Бреша останува само на две победи по пет одиграни средби во шампионатот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести