Бреша со школска акција ја проби одбраната на Јуве (видео)

Бреша има драгоцен резултат од 1-0 во првото полувреме во дуелот против италијанскиот првак Јувентус. Домаќините до водечкиот гол стигнаа уште во четвртата минута од натпреварот, а фудбалерите на Корини приредија одлична акција за да ја затресат мрежата на Шченсни.

Започнаа од својата половина, а со неколку додавања во брза транзиција, фудбалерите на Бреша изградија убав простор и го доведоа Донарума во ситуација да му се закани на полскиот чувар на мрежата, по што неговиот обид заврши во голот на гостите.

Одличната акција на Бреша можете да ја видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести