Јувентус ќе даде уште 10 милиони евра за Мората

Челниците на Јувентус решија дека Алваро Мората им е играч кој ќе им е потребен и за следната сезона, па затоа решија да ја активираат откупната клаузула на шпанскиот фудбалер. Мората дојде во Јувентус како позајмен играч, а ќе остане меѓу Старата дама и во следната сезона.

Новиот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, одлучил дека Мората е фудбалер кој ќе му биде потребен и за следната сезона, а за тоа италијанскиот гигант ќе мора да му плати 10 милиони евра на Атлетико Мадрид.

Во сезоната којашто измина, Мората одигра вкупно 44 меча во сите натпреварувања, а имаше учинок од 20 голови и 12 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести