Раководството на Сасуоло одлично го одработи трансферот на турскиот репрезентативец Мерих Демирал и само за 4 дена заработи околу 9 милиони евра.
Го купија 21-годишниот стопер од Аланијаспор за 9,25 милиони евра, односно според договорот со турскиот клуб, ја платија отштетната клаузула според договорот за позајмица на Демирал, а потоа веднаш му го продадоа на Јувентус за 18 милиони евра.
Демирал како позајмен играч од Аланијаспор играше за Сасуоло од јануари годинава, а на први јули италијанскиот клуб ја плати сумата од 9,25 милиони евра, со што целосно го откупи договорот. Ќар испадна и Аланија, која го купи Демирал на 29 јануари годинава за 3,5 милиони евра, а веќе следниот ден го испрати во Италија, кај Сасуоло на позајмица. Сега со трансферот на младиот играч во Јувентус и Аланијаспор заработи околу 6 милиони евра.