Јувентус мора да плати двојно повеќе за да ја исправи грешката со Кен

Мојзе Кен како позајмен фудбалер во ПСЖ сезонава бележи солидни бројки со оглед на конкуренцијата која ја има во тимот, но добрите партии го направија цел за трансфер на неколку италијански гиганти, меѓу кои е и неговиот матичен клуб Јувентус.

Бјанконерите сакаат да ја исправат грешката што го пуштија талентираниот напаѓач во Евертон само 27 милиони евра, а Карамелите веќе ги поставија условите. Цената на Кен е 50 милиони евра, а доколку фудбалерот посакува да се врати во Торино, втора опција е директна размена, со тоа што Јувентус треба да се ослободи од Адриен Рабио и дефанзивецот Демирал.

Нормално, и ПСЖ има збор во трката за потписот на Кен, иако при позајмицата не беше договорена откупна клаузула. Доколку ПСЖ го продаде Икарди, Кен сигурно ќе биде негов потенцијален наследник во нападот на Светците.

- Оглас -

Најнови вести