Јувентус пак и го позајми Калдара на Аталанта

Матија Калдара повторно ќе игра за Аталанта, екипа за која блескаше во сезоната 2017/2018 и клуб во кој ја почна кариерата.

Стоперот е се уште официјално играч на Јувентус, но беше позајмен неколкупати, а во Бергамо се враќа од редовите на Милан.

Еден од најталентираните дефанзивци во Италија имаше многу пехови и повреди, не напредува во кариерата, па ќе се обиде да се врати во старата препознатлива форма од пред неколку години.

Во сезоната 2017/2018 играше прекрасно за Аталанта и на 43 меча постигна 7 голови, што е одличен ефект за одбранбен играч. Има и два настапи за италијанската репрезентација, а ќе пристигне во Бергамо на 18-месечна позајмица со можност Аталанта да го откупи договорот на 25-годишниот играч што важи до 2021 година со Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести