-4.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Јувентус покажа сила против Сасуоло (Видео)

Јувентус како гостин го совлада Сасуоло со 0-3 во натпревар од 19-тото коло на италијанската Серија А.

Избраниците на Лучијано Спалети ја продолжија серијата добри резултати, па по изненадувачкото реми со Лече забележаа убедлива победа во Реџо Емилија.

Јуве веднаш започна со опасни напади. Ударот на Јилдиз го одбрани Муриќ, додека обидот на Камбијасо заврши покрај голот. Кога противничките играчи не успеаја да го совладаат голманот на Сасуоло, тоа го направи неговиот соиграч Тарик Мухаремовиќ, постигнувајќи несреќен автогол по центаршутот на Калулу во 16-тата минута.

До крајот на првото полувреме, Јилдиз двапати неуспешно се обиде да го матира Муриќ, но голманот на гостите во почетокот на второто полувреме мораше да капитулира.

Во 62-та минута, Фабио Мирети доби топка од Џонатан Дејвид, тргна кон голот на противникот и ја затресе мрежата на Сасуоло.

Конечниот резултат го постави токму Џонаан Дејвид во следниот напад, откако го заобиколи Муриќ и ја потврди победата на гостите.

Јувентус се наоѓа на четвртото место на табелата во Серија А со 36 бодови, додека Сасуоло е 11-ти со 23 бода.

- Оглас -

Најнови вести