Раководството на Јувентус денес призна вина пред комисијата на Фудбалската асоцијација на Италија и се нагоди за конечната казна. Јувентус понуди да му бидат одземени дополнителни три бодa на веќе одземените 10 и тоа да биде конечна казна.
Од ФИГЦ одлучија дека десетте одземени бодови се конечни и нема да има дополнително одземање бодови, но Јувентус е казнет и со дополнителни 700.000 евра. Оваа казна е конечна и клубот од Торино нема да се жали.
Согласно одлуката, Јувентус останува на седмата позиција на табелата со обезбеден пласман во Конференциската лига, но и со шанса за прогрес за позиција погоре и пласман во Лигата на Европа.
Во моментов УЕФА не води никаква постапка против Јувентус и тие ќе добијат лиценца за настап во Европа, но ќе треба да се откажат од учеството и формирањето на Суперлигата.