Јувентус е заинтересиран за потписот на 22-годишниот дански напаѓач Расмус Хојлунд, објавува „Тутоспорт“. Според информациите, клубот од Торино веќе започнал прелиминарни преговори со агентите на фудбалерот, за да дознае какви се неговите планови во иднина.
Бјанконерите ја разгледуваат можноста за позајмица со право на откуп, што би им овозможило да го привлечат напаѓачот без да се обврзат веднаш на постојан трансфер.
Хојлунд веќе има искуство во Серија А, играјќи за Аталанта пред да се пресели во Манчестер јунајтед. На „Олд Трафорд“ се полагаа големи надежи во него, но оваа сезона не успеа да ги оправда високите очекувања, постигнувајќи само три гола на 26 натпревари во Премиер лигата.
Јувентус би можел да биде клубот кој ќе му даде нова шанса и да го врати во италијанскиот шампионат.