Старата дама славеше со 2:0 над Кремонезе, се врати на второто место на табелата во Серија А, и дојде на бод до заверка на учество во Лигата на шампионите, само ако не биде повторно казнет поради финансиски малверзации на претходната управа.
Јувентус по 35 кола има 69 бода, додека петтиот Милан има 61 на три кола.
Иако играа против Кремонезе кој е претпоследен на табелата, фудбалерите на Старата дама отпорот на противникот го скршија во второто полувреме, Николо Фаџоли во 55-та минута го отвори резултатот, а Бремер во 79-та ја завери победата.