Јувентус со голема провокација до Интер

Јувентус вечерва во Торино го пречекува Баер Леверкузен и сѐ освен победа на домаќините, ќе биде големо изненадување. Старата дама освои бод во првиот меч на гости кај Атлетико (2:2), а Фармацевтите беа поразени пред своите навивачи од Локомотив Москва (1:2).

Италијанскиот првак вечерва игра против Баер, но некако како повеќе да мисли на тоа што ќе следува за викендот. Во Серија А, Старата дама ќе игра во Дербито на Италија против Интер. Тоа ќе биде и меч за лидерската позиција во првенството.

Јувентус реши да даде нова жалба за титулата во Серија А од сезоната 2005/06, која им беше одземена поради скандалот со наместени мечеви, популарното Калчополи. Поради тој скандал, првак на Италија стана Интер, а не Јувентус. Сега, токму пред нивниот меѓусебен дуел, од Јувентус решија повторно да се жалат на таа одлука и да побараат титулата да им биде вратена.

Интер, кој има перфектни шест победи во шест меча во Серија А, утре гостува во Барселона на „Камп ноу“, а потоа ќе мислат на дербито против Јувентус.

 

- Оглас -

Најнови вести