Јувентус со последен обид да се засили со Влаховиќ – Нуди 35 милиони евра и фудбалерот што ја одби Македонија

Арсенал е многу блиску до ангажман на Душан Влаховиќ, најдобриот стрелец во Серија А, но сега му парира и Јувентус со интересна понуда за српскиот репрезентативец и за Фиорентина.

Старата Дама нуди отштета од 35 милиони евра, плус во пакет во Фиорентина да се пресели Дејан Кулушевски.

Фудбалерот со македонски корени, кој ја одбра Шведска како национална селекција за која игра, наместо Македонија, не ги задоволи вкусовите на Јувентус, откако беше купен за нешто повеќе од 40 милиони евра во јануари 2020 година.

Понудата на Арсенал за да се засили со Влаховиќ е да и плати на Фиорентина отштета од 68 милиони евра, а за играчот се подготвени да му плаќаат околу 200 илјади евра неделна плата.

 

- Оглас -

Најнови вести